
Мedical sales representatives
За нас
Ние во Office People секојдневно ги поврзуваме и овозможуваме контакт помеѓу илјадници луѓе преку нашата широка мрежа на клиенти. Како искусен провајдер на услуги за вработување, ние успешно работиме на 130 локации во 10 земји за нашите вработени и клиенти.
Зошто баш ние?
- Конкурентна плата
- Бонуси
- Понеделник-Петок 8:00-16:00
Работни задачи:
- Посета на општи лекари, интернисти, специјалисти и фармацевти;
- Постигнување на планираната продажба преку продажни техники, промоции и градење долгорочни односи со клиентите;
- Подготвеност за работа на терен на територијата на Р. Македонија;
- Менаџирање на клиенти (изработка на понуди, изработка на фактури, следење на наплата и сл.);
- Постојано едуцирање за производите и усовршување на продажните;
- Идентификување можности и предлагање активности за развој на продажбата;
- Наоѓање на нови клиенти и градење на долгорочни односи;
- Обезбедување информации за производот и достава на бесплатни примероци;
- Работа со продажниот тим за развој и имплементација на бренд стратегии за обезбедување издржана маркетинг порака;
- Следење и анализа на податоците и условите од пазарот за идентификување конкурентна предност;
- Секојдневна посета и остварување контакти со здравствени работници со цел промоција и презентација на медицинските брендови кои компанијата ги застапува;
Квалификации:
- Завршено високо стручно образование за медицински науки;
- Валидна возачка дозвола Б категорија
- Познавање на англиски јазик (говорна и пишана форма);
- Познавање на компјутерски програми во MS Office, Windows;
- Работно искуство како медицински претставник или слично искуство со медицинска опрема ќе се смета за предност;
Ако се чувствувате поканети, се радваме на вашата апликација за Мedical sales representatives.



