
Process engineer
За нас
Ние во Office People секојдневно ги поврзуваме и овозможуваме контакт помеѓу илјадници луѓе преку нашата широка мрежа на клиенти. Како искусен провајдер на услуги за вработување, ние успешно работиме на 130 локации во 10 земји за нашите вработени и клиенти.
Зошто баш ние?
- Можност за професионален раст
- Пријатна работна средина
Работни задачи
-
Одговорен за имплементација и валидација на производниот процес;
-
Ги подобрува индустриските процеси со цел зголемување на ефикасноста; намалување на трошоците, подобрување на одржливоста во насока на зголемување на профитабилноста.
-
Развивање, конфигурирање и оптимизирање на индустриските процеси од самиот почеток, па се до завршување на процесот;
-
Валидирање на процесите во производство преку нивна проценка и анализа , со помош на мерење и толкување на податоците;
-
Врши секојдневен надзор над работата на производствениот процес;
-
Организирање на стартап на нови производни линии и процеси;
-
Воведување на новина по налог на претпоставениот;
-
Комуникација со производителите на опрема за работа, во врска со тековните проблеми во производството;
-
Учествува во изборот на набавка на нова опрема;
-
Се грижи за сопствената безбедност и здравје и за безбедноста и здравјето на другите;
-
Се грижи за функционирањето на системот за управување со квалитетот;
-
Развивање на најдобри практики, рутини и иновативни решенија за подобрување на производните стапки и квалитетот на аутпутот, следење и проверка на нивната имплементација и практикување;
-
Изведување на процесни симулации;
-
Обезбедување документација за процесот и упатства за работа;
-
Проверка на постоечките работни инструкции и нивното практично користење.
-
Препораки за нови работни инструкции и ревизија на постоечките.
Квалификации
- Завршени додипломски студии од технички факултети;
- Претходно работно искуство во процесно инженерство ќе се смета за предност, искуство во процесни симулации;
- Способен да комуницира на англиски јазик (пишување, зборување, разбирање)
Ако се чувствувате поканети, се радваме на вашата апликација за Process engineer.



